Пробиштип го распиша тендерот за реконструкција на Домот на културата

Од:

Градоначалникот Тони Тоневски информира дека овој проект ќе се реализира со средства од Фондовите на ЕУ, односно од Програмата за меѓугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија. Партнер во проектот им е општина Рила од Бугарија, а за реконструкција на објектот се обезбедени 158.000 евра.

– Со проектот е опфатена целосна реконструкција на покривот на оваа зграда, поставување комплетно нови врати и прозорци, изградба на фасада, енергетски ефикасна, а ќе се постават и сончеви колектори, кои што ќе се користат за загревање на водата. Со овој проект ќе создадеме предуслови за втората фаза, а тоа е внатрешно уредување, рече Тоневски.

Откако ќе заврши реконструкцијата и уредувањето на канцелариите, општинската администрација од сите одделенија и едношалтерскиот систем ќе се всели во овој објект.

– Сега навистина имаме проблем со канцелариите кои се во сопственост на општина Пробиштип, односно се во две згради и во едната зграда се присутни повеќе министерства, со што ја отежнуваме услугата која што ја нудиме кон граѓаните, односно ги шетаме од една во друга зграда, а овде е сосема соодветна зграда, рече Тоневски.

Тој истакна дека вработените од Домот на културата ќе бидат сместени во новата зграда на кино салата и додаде дека нивната дејност одговара да бидат во овој објект.

Би можело да ве интересира

Тоневски: Пробиштип ќе добие нова населба за млади брачни парови, градски базен и Дом за стари лица

Тоневски: Нова индустриска зона во Пробиштип и можности за отворање на нови фабрики

Во Пробиштип откриена е спомен-биста на полицаецот Тоше Тодоровски кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“

А1он

Работничка е тешко повредена во фабрика во Пробиштип

Горан Наумовски

(ИНТЕРВЈУ) Тоневски: Време е да го потсетиме Пробиштип за неговиот потенцијал

A1on

Измамник не платил за нарачаниот градежен материјал