Пробиени патиштата до сите завеани села во гевгелиско

Од:

Пробиен е патот до гевгелиското село Петрово, последно од завеаните од снегот во гевгелиско, со што од 22 часот синоќа во оваа општина сообраќајот е нормализиран на сите патни правци, информираа денеска од мобилната екипа за дејствување во зимски услови која беше формирана од градоначалникот на гевгелија Сашо Поцков.

Претходно, во текот на вчерашниот ден беа пробиени патните правци до Кованец, Моин и Ново Конско. Беше проширен и патот до село Богородица, а беа целосно исчистени од снег и автопатните ленти од клучката кај Гевгелија до граничниот премин Богородица.

Синоќа, откако снегот престана да паѓа на територијата на општина Гевгелија, на сите сообраќајници повторно беше фрлена сол, а во текот на денешниот ден механизацијата беше насочена кон проширување на градските сообраќајници и паркинг просторите пред сите училишта и детски градинки.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно