А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пробиена речиси половина од делницата на автопатот Миладиновци-Штип

by А1он23/07/2014 - 13:55195
Share0

Четириесет и три проценти од автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип се веќе пробиени од почетокот на изградбата пред пет месеци. Градежните работи, според премиерот Никола Груевски, се одвиваат добро, а најголем дел засега ги изведуваат домашни компании. Очекувањата се реализацијата на инвестицијата од 208 милиони евра во изградбата на 47 километри автопат да обезбеди голем број домашни вработувања.

Добивај вести на вибер

– Ангажирани се околу 250 работници, на терен се 136 градежни машини. До крајот на август бројот на градежната механизација ќе се дуплира, што значи дека значително ќе се зголеми бројот на вработени, изјави денеска Груевски при увидот на изградбата на автопатот „Гоце Делчев“.

Бројката на ангажирани работници, посочи премиерот, не е конечна, постојано се зголемува. Се очекува нејзино драстично зголемување во наредните неколку месеци.
Според Груевски, пробиеноста на 43 проценти од автопатската делница е добар напредок дури и повеќе од планираното за реализација на проектот од 208 милиони евра, што треба да биде завршен за три години.

Директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски рече дека подизведувачот на градежните работи „Бетон“ треба да изгради делница од 17 километри по што главниот изведувач од Кина „Снохидро“ ќе има 10 километри. Останатите 20 километри на трасата од Свети Николе – до Штип ќе ги изведе домашната компанија „Гранит“, исто така како подизведувач.

– Од вкупно 47 километри веќе се пробиени 43 проценти што е над 20 километри земјани работи. Потоа следува проширување на идниот автопат што треба да биде со широчина од 28 метри. На оваа траса има шест клучки, почнуваат кај Миладиновци, која се спојува кај рафинеријата на автопатот „Миладиновци“ и преку Свети Николе со две клучки стигнува пред влезот во Штип, рече Георгиевски, посочувајќи дека има доста надпатници и подпатници за брза комуникација со населените места.

Миладиновци – Свети Николе – Штип е еден од трите автопати што се градат во источниот, западниот и јужниот дел во државава. Во тек е изградбата и на автопатите Кичево – Охрид и Демир Капија – Смоквица.

avtopat

Би можело да ве интересира

Официјално пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци

Предраг Петровиќ22/06/2025 - 15:46

Нормализиран сообраќајот на патот Маврово – Дебар, кај „Ростушко анче“

Предраг Петровиќ18/06/2025 - 16:47

Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово, почина 19-годишна девојка

Предраг Петровиќ07/06/2025 - 14:2207/06/2025 - 14:22

Нормализиран e сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица

Горан Наумовски31/05/2025 - 19:22

Меџити: Градиме патишта за нашиот народ, Коридорот 8 е повеќе од пат

Горан Наумовски03/05/2025 - 16:55

(ВИДЕО) Мицкоски: Започнуваме еден од клучните инфраструктурни проекти-изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар

Горан Наумовски03/05/2025 - 14:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен