Приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ вршат притисок врз ДИК

Од:

Десетина симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ вечерва се собраа пред седиштето на Државната изборна комисија,откако ДИК најави дека во 21 часот ќе одржи прес-конференција на која треба да ги соопшти конечните изборни резултати.

Полицијата го блокираше главниот влез во ДИК. Новинарите се пренасочуваат од спореден влез. Комисијата ја обезбедуваат и десетици полицајци. Пред неколку часа, токму Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ апелирашедо ДИК да се почитува волјата на граѓаните.

– Мандатот му припаѓа на Никола Груевски, СДСМ треба да ни ја честита победата. Македонија треба да излезе од кризата, да се верифицираат мандатите, да се состави влада, да се посветиме на Македонија, економија, граѓаните, евроатланската интеграција. Граѓаните очекуваат проекти а не сплетки – заклучи Ѓорчев.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште