Привршува санацијата на дефектите во југозападните региони кои беа зафатени од невремето

Од:

Снабдувањето со електрична енергија на населените места во југозападна Македонија, кои беа зафатени од невремето предизвикано од обилни врнежи од дожд и снег, се нормализира. Екипите на ЕВН Електродистрибуција денес успеаја да ги приклучат под напон скоро сите корисници од населените места во реканскиот крај, каде што се јавија повеќе проблеми при санацијата поради лошите временски услови. До крајот на денот ќе се работи да бидат приклучени и највисоките планински села во овој регион.

Тимовите на електромонтери од утринава се сконцентрирани на замена на скршените челични и бетонски столбови на врската Лабуништа – Луково, каде што работите одлично напредуваат и до крајот на денот скоро сите корисници ќе добијат електрична енергија.

Во отстранување на дефектите е ангажиран максималниот расположлив капацитет од страна на ЕВН Електродистрибуција и надворешните компании, кои користеа зимски моторни возила, моторни санки и друга техника. Два дена при тешки временски услови, големи наноси од снег и одрони на патиштата, работеа во повеќе смени и преку цел ден со цел да се овозможи нормално снабдување на корисниците од охридскиот, струшкиот, ресенскиот, кичевскиот, гостиварскиот, тетовскиот регион како и реканскиот крај.

ЕВН Електродистрибуција ќе остане на терен се додека не бидат приклучени во дистрибутивната мрежа и последните населени места кои се без напојување поради невремето.

Би можело да ве интересира

ИНРМ за фактурите за струја: ЕВН нема капацитет и флексибилност да испорача соодветен квалитет на услуги кон граѓаните

Половина Македонија без струја

Катерина Ѓуровски

Пазар на електрична енергија: Оние кои го разбираат пазарот – и се подготвени да иновираат – ќе водат

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 16.05.2025 изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

Левица го бара купопродажниот договор со ЕВН поради грабежот на граѓаните