Привремено задржани 35 мотоцикли во акција на МВР против дивите трки

Од:

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден во периодот од 14 часот до полноќ часот спроведе акциска контрола на подрачјето на Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои организираат и учествуваат во диви трки.

Од страна на полициски службеници привремено се задржани 35 мотоцикли, поради сомнение за техничка неисправност и издувни уреди кои ствараат бучавост поголема од дозволената.

По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 39 мерки за сторени сообраќајни прекршоци од страна на мотоциклистите. За констатираните прекршоци издадени се 15 мандатни платни налози и 24 прекршочни платни налози.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски