Привремено прекината потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанско Езеро, ќе продолжи изутрина

Од:

Потрагата по малолетникот кој исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови, но рано изутрина продолжува се до пронаоѓање на момчето, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.

Како што соопшти претходно МВР, во Полициска станица Ресен вчера во 18:18 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека во туристичката населба „Претор“, во водите на Преспанското езеро исчезнал 16-годишен малолетник од Ресен.

Тој со неговите двајца другари  бил на педалинка, која се превртела педалинка во водите на езерото.

Двајцата другари на момчето успеале да се извлечат од под педалинката, а 16-годишниот И.М не успеал да исплива на површината.

Надлежните служби веќе 24 часа преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Би можело да ве интересира

НАСА: Преспанското Езеро од 1984 до 2020 загуби седум отсто од површината

Горан Наумовски

ВИДЕО: Преспа – жедното езеро

Предраг Петровиќ

Преспанското Eзеро е пред умирање додекa СДС И ДУИ тонат во матни бизнис зделки

Тело на битолчанец е пронајдено во водите на Преспанското Езеро

Горан Наумовски

Намален водостојот на Преспанското Езеро

Катерина Ѓуровски

Преспанско Езеро седум сантиметри под апсолутниот минимум, преполовени водостоите на повеќето реки,