Привремен сообраќаен режим пред МНТ

Од:

Во периодот од 17 до 22 часот утре на улицата „Иљо Војвода“ бб, пред објектот на Македонскиот народен театар, ќе се воведе привремен сообраќаен режим, а дел од улицата ќе биде затворен за сообраќај, соопштија од Град Скопје.

Привремениот сообраќаен режим се воведува по повод активностите за одбележување на 70-годишнината од ослободувањето на Скопје, што ќе се одвиваат во објектот на МНТ.

Од Градот апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремениот режим и да ја почитуваат поставената патна сигнализација.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан