Привремен сообраќаен режим на улиците „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“

Од:

Поради одржување на активностите од Европската недела на мобилноста 2018, утре од 10 до 14 часот за сообраќај ќе бидат затворени делови од улиците „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“, на потегот од крстосницата со улицата „Даме Груев“ и булеварот „ВМРО“ до улицата „Филип Втори Македонски“. Сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици.

– Возилата на јавниот градски превоз што ги опслужуваат линиите што застануваат на автобуските стојалишта „Центар Рекорд“, а се движат од запад кон исток ќе бидат пренасочени преку улицата „Даме Груев“. Возилата на јавниот градски превоз кои се движат од исток кон запад ќе бидат пренасочени преку улицата „Свети Кирил и Методиј“, соопшти Град Скопје.

Градските власти апелираат учесниците во сообраќајот да се придржуваат на привремено воведениот режим на сообраќај и брзината на движење да ја приспособат на условите на патот.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош