Привремен сообраќаен режим на улицата „Антон Попов“

Од:

Поради извршување градежни работи во рамки на реконструкцијата на улицата „Антон Попов“, од 19 октомври, до завршувањето на градежните работи, се воведува привремен сообраќаен режим, соопштија од Град Скопје.

За време на извршувањето на градежните работи на трасата ќе биде забранет сообраќај за тешки товарни возила, како и за автобусите на јавниот превоз кои ќе се пренасочуваат и ќе се движат по булеварот „Борис Трајковски“.

– Сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, апелираат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош