Привремен сообраќаен режим на ул.„Димитрие Чуповски“

Од:

Поради одржување на активностите од Европската недела на мобилноста 2017, денеска од 10 до 13 часот за сообраќај ќе биде затворена улицата Димитрие Чуповски, на потегот од крстосницата со улицата „Даме Груев“ (кај ТЦ „Палома Бјанка“) до крстосницата со улицата „11 Октомври“, информираат од Град Скопје.

Утре пак, во периодот од 9 до 13 часот за сообраќај ќе биде затворен патот кон Средно Водно, на потегот од објектот на ИЗИИС до Средно Водно, како и патот од „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно, освен за автобусите на ЈСП.

Градот Скопје апелира до учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и при своето движење да ја користат околната патна мрежа.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош