Привремен сообраќаен режим на „Трета македонска бригада“

Од:

Поради нанесување на завршен слој на новите две сообраќајни ленти на булеварот „Трета македонска бригада“ во Аеродром од денеска до петок  на делови од оваа сообраќајница биде воведен привремен сообраќаен режим, соопшти денеска Град Скопје.

– Денеска попладне и утре ќе се асфалтира потегот од бензинската станица „Пуцко петрол“ до објектот на Американ колеџ. Поради тоа за сообраќај ќе се затвори дел од крстосница кај објектот на „Тинекс“ и влезот во бензинската станица „Пуцко петрол“. Во текот на утрешниот ден, пристап кон сервисната улица кај „Тинекс“ ќе има од сервисната улица кај „Карпет макс“ и „Метро“. Во четврток ќе се асфалтира делницата од објектот на Американ колеџ до сервисната улица кај „Карпет макс“ и „Метро“. Во петок ќе се асфалтира делницата од „Карпет макс“ и „Метро“ до крстосницата со булеварот „Србија“, се наведува во соопштението.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење според условите на патот и доколку се во можност,  да ја користат околната улична мрежа.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош