Привремен сообраќаен режим на „Трета Македонска бригада“ и на улиците Ѓорче Петров и Сарај

Од:

На булеварот „Трета македонска бригада“ денеска ќе биде воведен времен сообраќаен режим поради изведување градежни работи.

Како што соопштуваат од Градот Скопје, ќе се вршат прекопи за поставување подземни инсталации поради што кај крстосницата на булеварот „Трета македонска бригада“ со улицата „Фрањо Клуз“ сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента, во периодот од 7:30 до 18:30 часот.

Во овој дел од булеварот „Трета македонска бригада“ ќе се постави соодветна патна сигнализација.

Градот Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци, да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот и доколку се во можност во своето движење да ја користат околната патна мрежа.

Привремен сообраќаен режим ќе има и на улиците Ѓорче Петров и Сарај поради монтирање два портални семафорски столбови на крстостницата помеѓу овие две улици.

Сообраќајот ќе биде регулиран со соодветна сообраќајна сигнализација.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски најави пошумување на Скопје, како и 50 мали маалски паркови

Горан Наумовски

Мицкоски: Скопје денес е загубен во дневната политика, а жртва се граѓаните

72-годишен маж од Скопје починал на улица

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост