Привремен сообраќаен режим на мостот кај Транспортниот центар

Од:

Привремен сообраќаен режим денеска од 8 до 15 часот ќе се воведе на мостот кај Транспортниот центар, поради санирање на дилатационата фуга и оштетувањата во асфалтот на мостот.

Град Скопје информира дека на двете десни сообраќајни ленти од мостот, гледано во насока од Сајмиште кон Аеродром, на кои ќе се изведуваат градежните работи, ќе се постави соодветна патна сигнализација.

Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан