Привремен сообраќаен режим на мостот „Гоце Делчев“

Од:

На дел од булеварот „Гоце Делчев“ и на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје денеска ќе има привремен сообраќаен режим.

Како што информира Град Скопје, викендов екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ изведуваат градежни работи за санација и замена на дилатационата фуга на мостот „Гоце Делчев“, на страната што води од стоковната куќа „Мост“ кон зградата на Владата на Република Македонија.

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан