Привремен сообраќаен режим на дел од улицата „Благоја Стефковски“

Од:

Викендов ќе се врши прекоп на коловозот на улицата „Благоја Стефковски“, кај крстосницата со кракот што води кон железничниот премин и улицата „Перо Наков“. Поради тоа, на овој дел од улицата ќе се воведе привремен сообраќаен режим и ќе биде поставена соодветна патна сигнализација.

– Градежните активности на овој потег ќе се изведуваат во фази, при што нема да има целосен прекин на сообраќајот, информира Град Скопје.

Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон привремено поставениот режим на сообраќај и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан