Привремен сообраќаен режим на дел од „Трета македонска бригада“

Од:

На дел од улицата „Трета македонска бригада“ утре од 8 до 17 часот ќе се воведе привремен сообраќаен режим.

Како што информира Гад Скопје, привремениот сообраќен режим се воведува поради прекопи за поставување подземни инсталации кои ќе се изведуваат на дел од улицата „Трета македонска бригада“, на потегот од крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ до улицата „Никола Карев“. На коловозот ќе се постави соодветна патна сигнализација.

Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Мицкоски: Жена парк и улица Македонија кои за сите скопјани будат многу спомени, сега се во состојба во којашто не треба да бидат