Привремен сообраќаен режим на дел од Партизанска

Од:

Градот Скопје ги информира граѓаните дека во деновите од претстојниот викенд на улицата Ѓорче Петров, во делот кај раскрсницата со булеварот Партизански одреди, ќе се вршат градежни работи – прекопи за поставување подземни инсталации. Поради тоа, на дел од улицата Ѓорче Петров, во делот кај раскрсницата, ќе се воведе привремен сообраќаен режим.

Градот Скопје ги информира граѓаните и дека утре од 8 до 12 часот ќе се затвори за сообраќај булеварот Партизански одреди од крстосницата со улицата Ѓорче Петров до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“, поради изведување градежни работи.

На булеварот Партизански одреди и на улицата Ѓорче Петров во деновите од претстојниот викенд ќе биде поставена соодветна патна сигнализација.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан