Привремен сообраќаен режим на дел од булеварот „Борис Трајковски“

Од:

За време на викендот поради асфалтирање со порамнителен слој на делот од булеварот „Борис Трајковски“, на потегот од крстосницата со булеварот „Србија“ до влезот во поранешната фабрика „Стакларница“ ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.

Во текот на градежните работи сообраќајот ќе се одвива по крајните две коловозни ленти во секоја насока. Сообраќајот ќе се одвива непречено, освен на делот од бензинската пумпа „Марија трејд“ до влезот во фабриката „Стакларница“, каде што протокот на возила ќе биде регулиран со знаменца.

Градот Скопје апелира до граѓаните да покажат разбирање додека траат градежните работи на оваа делница од булеварот Борис Трајковски, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Би можело да ве интересира

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он