Привремен сообраќаен режим на булеварот „Трета Македонска бригада“

Од:

На булеварот „Трета македонска бригада“ во недела ќе биде воведен времен сообраќаен режим поради изведување градежни работи.

Како што соопштуваат од Градот Скопје, ќе се вршат прекопи за поставување подземни инсталации поради што кај крстосницата на булеварот „Трета македонска бригада“ со улицата „Фрањо Клуз“ сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента, во периодот од 7:30 до 18:30 часот.

Во овој дел од булеварот „Трета македонска бригада“ ќе се постави соодветна патна сигнализација.

Градот Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци, да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот и доколку се во можност во своето движење да ја користат околната патна мрежа.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош