Приведено уште едно лице во рамки на акцијата „Ќелија“

Од:

Министерството за внатрешни работи го приведе Ф.И.(1991) од Скопје, кој беше недостапен за органите на прогонот, а се бараше во рамки на оперативната обработка „Ќелија“.

Како што соопшти МВР, по претходно преземени мерки и активности, осомничениот вчера е лоциран и лишен од слобода околу 14:00 часот во близина на Бит Пазар, по што е предаден на надлежниот Јавен обвинител и спроведен во истражен затвор за издржување на претходно изречената мерка притвор во времетраење од 30 дена.

– При приведувањето не се регистрирани инциденти и немаше употреба на средства за присилба, стои во соопштението.

Приведениот е еден од 36-те осомничени лица за кои од досега обезбедените докази до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција беше поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „Учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации“ предвидено и казниво по член 322-а од Кривичниот законик на Р.Македонија. Вклучувајќи го и него, вкупно 10 лица од осомничените досега се обезбедени, додека по останатите 26 кои се недостапни, сеуште се трага.

– Според сомненијата кои ги имаме од истрагата, Ф.И. бил логистичар на групата, но во неколку наврати имал и неуспешни обиди да замине за Сирија. Лицето со кое вториот пат се обидел да замине преку Турција, исто така е опфатено со кривичната пријава и сеуште се наоѓа во Сирија и војува во муџахединските единици на Исламската држава. Последниот негов обид за заминување за Сирија (преку Р.Турција) е на 03.06.2015 година, кога не му беше овозможен излез од Р.Македонија. Инаку, намерата за неговото заминување за Сирија се претпоставува дека е поради извршување логистички активности за потребите на џихадистите во Сирија кои се по потекло од земјава, се наведува во соопштението од МВР.

Осомничениот Ф.И. не минува во крим-евиденцијата на Министерството како извршител на кривични дела.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против поранешен началник и помошник директор во МВР

А1он

МВР: Кривична за 38-годишен скопјанец кој со нож си ја уби невенчаната сопруга

Горан Наумовски

Кривични пријави против екс вработени во МВР за злоупотреба на службена положба и овластување

А1он

Возел со 2,28 промили алкохол во крвта, бегал од полицијата

Лекари, вработени во клиники, адвокати меѓу осомничените за измамите со парите за туѓа нега и инвалидски пензии

Катерина Ѓуровски

МВР поднесе кривична за директор од Делчево, им дозволил на вработените да возат нерегистрирани возила