Приведено лице за напад на полициски службеник во Тетово

Од:

Тетовец на 71 година е приведен во полициска станица откако нападнал полицаец. Нема информација од полицијата каде и што претходело на инцидентот.

-Околу 16:20 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 71-годишниот тетовец С.М., кој се однесувал агресивно и физички нападнал еден од нив. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Тетовската полиција бележи уште три приведувања изминатите 24 часа.

-Во текот на вчерашниот ден околу 15:45 часот приведен е и малолетник на 16 години во Непроштено. Тој одбил да се легитимира и кај него била пронајдена марихуана, што се обидел да ја фрли, информира Јосифоски.

Две лица се приведени поради прекршување на забраната за движење од 20 часот вчера до 05 часот утринава.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он