Приведено лице за издржување затворска казна

Од:

Полицијата денеска на улица „Антон Панов“ во Скопје привела 28-годишен маж од Штип, баран по централна потерница за издржување на затворска казна.

– Денеска во 10:00 часот на улица „Антон Попов” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.А.(28) од Штип. Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик, информирата од Министерството за внатрешни работи.

Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски