Приведено лице за издржување казна затвор од две години

Од:

Приведен е 30-годишник од Скопје за издржување на затворска казна од две години, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (19.04.2022) во 14.00 часот на бул.„Киро Глигоров“, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(31) од Скопје. Тој бил баран по две Централни потерници од Основен кривичен суд Скопје за издржување вкупна казна затвор од две години. Тој бил осуден за сторени кривични дела „напад врз службено лице“ по член 383 и „прикривање“ по член 261 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено – поправна установа за издржување на казната“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи