Приведено лице во тетовско поради приредување на игри на среќа без лиценца

Од:

Вчера вечер, во 22.15 часот во село Боговиње, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 26-годишниот Ф.А. од Боговиње поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“ по член 156 став 3 од Закон за игри на среќа, информира МВР.

– При контрола во објект без фирма во селото, извршена во содејство со УЈП Тетово, кај него и во објектот биле пронајдени и одземени 6455 евра, 220 британски фунти, 200 швајцарски франци, 4100 денари, три мобилни телефони, список со 387 клиенти и други предмети кои потекнуваат од кривично дело, соопшти МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ