Скопјанец за да не биде фатен со кокаин, го фрлил од возилото кога го застанала полиција

Од:

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 19 часот го лишиле од слобода 22-годишниот О.М. од Скопје.

Како што информираат од МВР на крстосница од булеварот „ВМРО“ со булеварот „Партизански одреди“ лицето со возилото кое го управувал не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и притоа од прозорецот фрлил едно пакување со кокаин, кое било пронајдено и одземено. Набргу потоа, тој бил запрен и приведен.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски