Полициски службеници од ЕВР Гази Баба-Отсек потраги, вчера во 18.20 часот на ул.„Валандовска“ во Скопје го лишиле од слобода Љ.Н.(58) од Скопје, кој се барал по потерница за издржување казна затвор од една година, соопштија од МВР.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.