МВР информира дека вчера, во 17:00 часот, полициски службеници го привеле 31-годишниот С.М. од Скопје за издржување на затворска казна.
-На 22 ноември, во 17:00 часот, полициски службеници од Оперативен тим потраги Кисела Вода, во угостителски објект во населба Драчево, го лишија од слобода С.М.(31) од Скопје. За него била распишана потерница за издржување на казна затвор. Тој ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната, соопштуваат од МВР.