Приведено лице поради сомневање за предизвикување на пожарот во Дабиле

Од:

Полициски службеници на СВР Струмица денеска лишиле од слобода 29 годишен жител на селото Баница, поради постоење основано сомнение дека предизвикал пожар, при што била опожарена трева и нискостеблеста вегетација.

По пријава примена во СВР Струмица во 11.38 часот, според која на излез од Струмица кон село Дабиле настанал пожар, Д.К. бил затекнат на лице место и задржан.

Тој е приведен во полициска станица и во консултација со Јавен ообвинител од ОЈО Струмица, по расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Пожарот е изгаснат од страна на противпожарна екипа, а увид извршен од увидна екипа на СВР Струмица.

Би можело да ве интересира

Отстранети опасни гранати од минатите војни од предел зафатен од мариовскиот пожар

Пет пожари активни, еден под контрола

Осум активни пожари во Македонија

А1он

Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати

ВИДЕО: Тежок пожар избувна во Општина Градско, интервенција од терен, а пренасочени и ер-тракторите

Катерина Ѓуровски

29 пожари на отворено за 24 часа, активни се три