Полициски службеници на СВР Tетово денеска околу 00:10 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово го лишиле од слобода 47-годишниот М.Т. од Тетово, осуден на затворска казна.
Од Министерството за внатрешни работи, информираат дека по приведувањето, реализирано со судска наредба, лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ за издржување на казната.