Приведено лице од скопско, пронајдени бесправно исечени дрва и пила

Од:

Вчера, во 14.30 часот на влез на село Шишево, скопско, полициски службеници од Полициската станица Сарај го привеле 44-годишниот М.И. од Шишево, извести МВР.

– При преглед во патничко возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени бесправно исечени огревни дрва и моторна пила, соопшти МВР.

Возилото, дрвата и пилата биле одземени за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ