Приведено лице од скопско по распишана централна потерница

Од:

Денеска околу 13.30 часот во село Сингелиќ, скопско, полициски службеници од Отсекот за потрага по цел – Одделение за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка, во координација со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 45-годишниот Ф.Р. од Сингелиќ, извести МВР.

– За него била распишана централна потерница од Основен кривичен суд Скопје поради сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво” казниво по чл.237 во врска со чл.19 и кривично дело „грабнување” казниво по чл.141 во врска со чл.19 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

– Претходно, кај клучка Арачиново, тој со своето возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки не застанал на даден знак од полициски службеници и се дал во бегство, но набргу бил фатен и лишен од слобода, велат од МВР.

Тој бил предаден во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ