Приведено лице од Скопје, осудено на 13 години казна затвор

Од:

Вчера вечер во 21.50 часот на улица „Охридска“ во Скопје, полициски службеници од тим потраги при Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода 55-годишниот С.Б. од Скопје, извести МВР.

– Тој бил осуден на 13 години казна затвор за сторено кривично дело по член 123 од Кривичниот законик, а бил баран по распишана централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на 30 месеци од казната, соопшти МВР.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он