Приведено лице од Скопје, го признало кривичното дело

Од:

Вчера вечер, во 20.40 часот на булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар ја лишиле од слобода 21-годишната Џ.И. од Скопје, извести МВР.

– Таа се сомничи дека истиот ден, заедно со уште едно лице, со употреба на погоден предмет влегле во куќа во населбата Маџир Маало и одзеле разни предмети, меѓу кои и гасен пиштол и куршуми, соопшти МВР.

Со неа бил извршен службен разговор, при што го признала делото. Кај неа биле пронајдени и одземени предметите поврзани со кривичното дело. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он