Приведено лице од гостиварско, затекнато при бесправна сеча на дрва

Од:

Вчера попладне во 15.20 часот во шума во атар на гостиварско Врањовце, полициски службеници од Полициското одделение – Галате го лишиле од слобода 41-годишниот И.Р. од селото Врањовце, извести МВР.

– Околу 15.20 часот на земјен пат на место викано „Црквиште“, тој бил затекнат како врши бесправна сеча на дрва. Исто така, биле пронајдени и 18 исечени стебла од дрво, кои биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка, соопшти МВР.

Лицето било задржано во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ