Приведено лице од Битола, со воздушна пушка пукал во кучиња скитници

Од:

Вчера во 18.30 часот во Битола на улицата „Димитар Илиевски Мурато” од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола бил лишен од слобода 29-годишниот И.Г. од Битола, извести МВР.

– Тој, управувајќи патничко возило „пасат“ со битолски регистарски ознаки, кај место викано „Грозд“, преку отворен прозорец со воздушна пушка испукал во кучиња скитници, соопшти МВР.

Од него биле одземени воздушна пушка „гамо“ калибар 4,5 мм. и пакување со дијаболи. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по Законот за оружје.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина