Приведено едно лице, при претрес во Скопје пронајдено оружје

Од:

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје денеска го лишија од слобода С.Л.(30) од скопското село Љуботен.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен пиштол „Застава М70“ калибар 7,65 мм со 12 куршуми, соопштија денеска од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија