Приведениот од Шуто Оризари, бил возач, а не советник, тврди кабинетот на Курто Дудуш

Од:

Вработениот во општина Шуто Оризари, за кого Скопското обвинителство предложи мерка притвор од 30 дена за барање поткуп, а СВР-Скопје поднесе кривична пријава, не бил советник на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, туку бил возач, соопшти денеска Кабинетот на градоначалникот.

С.М. (40) беше приведен на 27 февруари во попладневните часови во просториите на општината, а медиумите пренесоа дека тој бил советник на градоначалникот.

– Истиот ден во медиумите се појавија невистините информации дека се работи за лице кое е советник на градоначалникот на Шуто Оризари. Во одредени медиуми беа пласирани и неточни информации дека и градоначалникот е во притвор и примал мито. За сите невистинити и неточни информации, кои проциркулираа во јавноста и кои го нарушија угледот и честа на градоначалникот на општината, како и рејтингот на општината веќе се во тек постапки против соодветни инстанци, се вели во соопштението.

Кабинетот на Дудуш нагласува дека општината Шуто Оризари и градоначалникот имаат јасни заложби за борба против корупцијата, зачувување на законите и имплементирање на правда, врз кое било правно или физичко лице.

– Граѓаните на РМ очекуваат спроведување на целосна, а не селективна правда врз сторителите на кривични дела без разлика дали се работи за случаи на мито од илјада денари и мито и корупција од милионски суми, додаваат од Кабинетот на Дудуш.

Осомничениот како вработен во општината Шуто Оризари на 27 јануари во службените простории на општината примил претходно договорена награда во висина од 1000 евра. Наградата осомничениот ја договорил и примил искористувајќи го своето влијание, да изврши посредување во вршење на службено дејствие, кое не би требало да се изврши. Имено, тој ги побарал средствата за да се донесе решение за утврдување правен статус на бесправно изграден објект, соопшти денеска Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Ристовски: Ромите заслужуваат да живеат квалитетно во Шуто Оризари, да имаат квалитетно здравство и образование

Мисајловски: Сплотени, сите заедно од Шуто Оризари порачуваме дека на 24 април победува Силјановска Давкова

Орце Костов

Во куќа во Шуто Оризари пронајден е починат 43-годишен маж

СДСМ: Градоначалникот на Шуто Оризари сака да ја задолжи општината со осум милиони евра

Тројца тинејџери киднапирале и физички малтретирале девојка во Шуто Оризари

А1он

Без вода дел од Шуто Оризари