Приведени тројца криминалци од Дојран, при претрес пронајдена марихуана

Од:

Полициски службеници од ОВР Гевгелија – Полициско одделение Нов Дојран вчера во 06:10 и 08:10 часот во Стар и Нов Дојран, ги лишиле од слобода Д.Р. (43) и Е.И. (27), двајцата од Стар Дојран и Т.А. (56) од Нов Дојран.

При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени дрога и други предмети кои потекнуваат од кривични дела.

При претрес во домот на Д.Р. биле пронајдени и одземени марихуана, предмети со остатоци од прашкаста материја, пари и други предмети кои потекнуваат од сторени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“ извршени на подрачјето на Општина Дојран.

– Во домот на Е.И. биле пронајдени и одземени марихуана, пари и предмети кои потекнуваат од сторени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“, извршени на подрачје на Општина Дојран, додека, при претресот во домот на Т.А. биле пронајдени марихуана и стебла од растението канабис, се наведува во соопштението.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар