На шести и на седми мај, на улицата „Иван Аговски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Карпош – Одделение за криминалистички работи Карпош ги лишиле од слобода 21-годишниот М.К., 21-годишниот Е.К. и 26-годишниот Б.Џ., сите од Скопје, информира МВР.
Тие се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела „тешка кражба“. Кај нив биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривични дела, соопшти МВР.
По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
