Приведени тројца крадци од Радовиш, фатени на дело

Од:

Вчера полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода 21-годишниот Ш.Б., 32-годишниот А.Б., 28-годишниот О.К. и уште едно малолетно лице, сите од Радовиш, кои биле затекнати при вршење на кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Радовиш, а кај нив биле пронајдени и предмети од извршените кривични дела, извести МВР.

– Лицата се задржани во полициска станица и во текот на денешниот ден со нив ќе бидат извршени службени разговори, поради сомнение дека се сторители и на други кривични дела тешки кражби и кражби, извршени во претходниот период на подрачјето на Радовиш, соопшти МВР.

За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ