Приведени тројца битолчани кои украле 11 телефони и четири фотоапарати

Од:

Припадници на скопската полиција, по претходно добиени сознанија, на 22 октомври, во населбата Козле, извршиле преглед на автомобил марка „мерцедес 190“, со прилепски регистарски ознаки, при што пронашле 11 телефони, четири фотоапарати и два ранци.

Конкретно, пронајдени биле мобилен телефон марка „хуваеј П30”, четири мобилни телефони „самсунг A20“, три мобилни телефони марка „самсунг A10“, два мобилни телефонa марка „самсунг A50“ и еден мобилен телефон марка „самсунг A30“.

Покрај ова во возилото имало и четити фото апарати односно еден марка „никон Д5600-18-55 ВР”, два фотоапаратa марка „никон Д-3500-18-55 ВР” и еден „никон Д 750“, како и два ранцa.

Во автомобилот затекнати биле тројца битолчани, двајца на возраст од 23-години и еден 25-годишник. Кај еден од нив пронајдени и одземени биле и околу 14.000 денари.

По извршените проверки утврдено било дека предметите потекнуваат од тешка кражба, извршена на 14. октомври во продажен објект во Битола, од каде биле одземени мобилни телефони, фотоапарати и промет, со што сторителите се стекнале со имотна корист од околу 900.000 денари.

Битолчаните се преземени од страна на Одделението за крим полиција при СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски