Приведени три лица на подрачјето на Скопје барани со потерници

Од:

Полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје, вчера на подрачјето на Скопје, лишиле од слобода три лица во три одделни случаи, кои се барале по потерница.

Како што соопшти МВР, вчера, утрото, во 8.10 часот на подрачјето на Бит Пазар, припадниците на Единицата го лишиле од слобода С.Т.(37) кој се барал по потерница, по што лицето е предадено во полициска станица Бит Пазар за понатамошна постапка.

Вчера, вечерта, пак, околу 20.10 часот, исто така, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата го привеле А.А.(32) од Скопје кој се барал по судска наредба издадена од Основен кривичен суд Скопје. Лицето е предадено во полициска станица Бит Пазар за понатамошно постапување.

Во третиот случај, вчера, околу 20.40 часот на подрачје на Центар од полициски службеници од Единицата е приведен и Х.Б.(40) од Скопје кој се барал по судска наредба издадена од Основен кривичен суд Скопје. Лицето е предадено во Полициска станица Центар за понатамошно постапување, стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски