Приведени шест албански државјани во полициска контрола во тетовско-гостиварскиот регион

Од:

Шест албански државјани, од кои пет девојки и едно машко лице биле откриени и приведени од полицијата по извршените контроли во два угостителски објекти во тетовско- гостиварскиот регион изминатата ноќ.

Како што информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, албанска државјанка на возраст од 35 години при полициска контрола околу полноќ била затекната во угостителскиот објект „Мона Лиза“ во гостиварското село Форино по што била приведена и задржана за понатамошна постапка.

Во период пак од 23 часот и 30 минути до 2 часот по полноќ припадници на полициската станица од регионалниот центар за гранични работи Север заедно со полицијаци од СВР Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект во Теарце што се наоѓал покрај патот Тетово граничен премин Јажинце. Според информациите од Јосифовски, при тоа биле затекнати четири албански државјанки на возраст од 20 до 38 години што нелегално работеле како пеачки и танчарки, едно машко лице од Албанија и една македонска државјанка.

– Петте странски државјани заедно со закупецот на објектот Б.Е.(33) од Слатино биле приведени, по што албанските државјани биле предадени за понатамошна постапка во Одсекот за прекуграничен криминал, странци и реадмисија за понатамошна постапка, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он