Приведени шест албански државјани поради илегална работа

Од:

Тетовската полиција и екипа од полициската станица за гранични работи Север, вчера при акциска контрола на угостителски објект на патот Тетово – Јажинце, откриле петмина странски државјани кои илегално работеле во локалот.

Како што информираат од полицијата, станува збор за четири девојки, на возраст од 20 до 38 години, кои работеле како танчерки, и за едно машко лице, сите албански државјани. Тие, заедно со сопственикот на локалот, Б.Е.(33), биле приведени и задржани во во полициската станица Тетово, а потоа биле предадени во отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и за реадмисија за понатамошна постапка.

Синоќа, додаваат од полицијата, била извршена контрола и во угостителскиот објект „Мона Лиза“ во гостиварското село Форино, каде била затекната 35-годишна албанска државјанка, која била приведена и задржана за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба