Приведени седуммина крадци од Штип, расчистени 16 кривични дела

Од:

Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности, расчистија 16 кривични дела „тешка кражба“ од куќи, возила, градежен објект, продавница и од лабараторија во Клиничката болница Штип, извршени на територија на град Штип при крајот на минатата и почетокот на годинава, извести МВР.

– Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени Н.И.(23), Е.Ј.(18), С.Н.(31), А.М.(39), Н.М.(41) и двајца малолетници, сите од Штип. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела, соопшти МВР.

Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ