Приведени разбојници непосредно по извршеното кривично дело

Од:

Денеска во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода 21-годишниот А.Г. од село Сингелиќ, скопско и 16-годишник од Скопје. Тие се сомничат дека околу 10.10 часот пред продажен објект на улица „Жегљане“ извршиле разбојништво од возило „пежо боксер“, сопственост на фирма, извести МВР.

– Имено, тие пред објектот со закана од вработениот дистрибутер А.Ш.(39) од Скопје одзеле пари од дневниот промет, по што заминале со возилото „пежо боксер“, а во с.Стајковци дел од производите префрлиле во друго возило, но набргу биле фатени и приведени, соопшти МВР.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ