Приведени овчари кои непријавени работеле на Шар Планина

Од:

Четворица албански државјани од градот Кукс, ангажирани како овчари, кои непријавено и без потребната работна дозвола престојувале на подрачјето на Тетово, открила и привела полицијата по денешната контрола на три бачила сместени во подножјето на Титов Врв, Шар Планина, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Во акцијата, со претходно обезбедена судска наредба, биле исконтролирани две бачила сопственост на С.С.(58) од Селце и едно сопственост на Ф.Р.(56) од Камењане.

– Четворицата илегалци биле приведени и предадени за понатамошна обработка на Одделението за странци и реадмисија и по целосно расчистување на случајот против нив и против двајцата сопственици на бачилата ќе бидат поднесени соодветни пријави, изјави Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ