Приведени лица од кочанско за незаконит лов

Од:

Полициски службеници вчера привеле неколку лица од Кочани за сторење кривично дело „незаконит лов“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Вчера, по преземени мерки и добиени оперативни сознанија, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода Д.Ј.(35) од с.Чешиново и А.М.(18) од с.Облешево, општина Чешиново – Облешево, поради постоење основи на сомнение дека во атарот на с.Спанчево сториле кривично дело „незаконит лов“. Во врска со случајот повикан бил А.Ј.(57) од с.Чешиново. Кај А.Ј. и Д.Ј. биле пронајдени и времено одземени три ловечки пушки, наведуваат од МВР.

Посочуваат дека за овој настан е запознаен Јавен обвинител и по целосно комплетирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он