Приведени криминалци барани со потерници

Од:

Денеска во 13.10 часот на улицата „Бутелска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода 32-годишниот Д.Л. од Скопје, извести МВР.

– За него била распишана централна потерница по наредба од ОЈО-Скопје за издржување мерка притвор за сторено кривично дело по член 237 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на мерката притвор. Денеска во 13.00 часот на ул.„Боро Менков“ во Скопје, полициски службеници од Тим потраги од Одделенијата за криминалистички работи Ѓорче Петров и Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Е.С.(35) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ